Блокатори за мобилни телефони во Идризово


Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот на Игор Југ беа упатени закани до Никола Груевски. Барајќи мобилен во ќелијата на Игор Југ, надлежните вчера не нашле ништо кај него, но биле пронајдени неколку мобилни телефони кај други притвореници, брифираат извори од истражниот затвор за ТВ „24 вести“.

По ова управата решила да ги зајакне мерките на безбедност и да постави блокатори на повеќе места со цел да ја спречи комуникацијата на притворениците преку електронски уреди, која е во спротивност од правилникот.

Од профилот на Владо Георгиев Черноземски, кој претходно го користеше Игор Југ, му порача на Груевски дека и на пет минути ќе му врати затоа што наводно ги наместил него и другите за крвавото сценарио во април.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1