Блокирале тркалата на владиниот авион, се запалил црвениот аларм, детали за принудното слетување

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром.

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ. Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за Скопје.

-Капетанот пријавил дека нема индикација оти предното тркало на авионот не е заклучено, поради што пријавил ситуација на итност и побарал од контролорите од Контроланата кула на Скопскиот аеродром да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала. По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени по што пилотот донел одлука да слета и по кратко време слетал безбедно, изјави за МИА Николче Тасевски, еден од директорите во М-НАВ.

Информацијата дека владниот авион принудно слетал ја потврдија и од Владата. Еве што велат

Денес околу 12:35 часот при слетување на Скопскиот аеродром, владиниот авион имаше индикација која укажуваше дека не постои потврда дека предното тркало е спуштено.

По направените процедури во воздух од страна на пилотите, при што направен е и низок прелет над пистата на Скопскиот аеродром со цел, контролата на летање потврди дека се е во ред со тркалата при процесот на слетување.

По добиениот позитивен и потврден одговор од страна на контролата на летање дека се е во ред со тркалата, пилотите слетаа на Скопскиот аеродром, а како превентива согласно стандардите беше повикана противпожарната единица од аеродромот.

Слетувањето беше целосно во ред. При дијагностика на авионот после слетувањето се утврди дека се работи за дефект на микропркинувач кој затаил да даде правилна информација за позицијата на предното тркало.

Следува замена на микропрекинувачот, после што авионот ќе биде тестиран и ќе продолжи да лета веднаш штом биде потврдено дека е комплетно функционален и безбеден за понатамошно летање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1