Блокиран автопатот Битола-Ресен


Автомотосојузот на Македонија соопшти дека вечерва од 18.15 часот е блокиран во двата правца сообраќајот на автопатот А-3 Битола – Ресен на местото Баир поради поставено и запалено ѓубре.nesrekja soobrakjajka policija pat

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1