Бесплатен железнички викенд за млади до 27 години


Младите до 27 години секој прв и секој трет викенд во месецот ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот собраќај, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова е само една од петте мерки кои денеска ги соопшти Груевски.nov voz1

Првиот проект е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот. Мерката ќе стартува во март 2016 година, а за нејзино спроведување Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници.

– Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.

Со овој проект ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1