Популарната „Пластичарска улица “ е блокирана поради протест на сопствениците на дуќаните кои со месеци не плаќаат сметки за електрична енергија.
На барање на ЕВН за асистенција полицијата ги обезбедува екипите од ЕВН кои ги исклучуваат дуќаните од електричната мрежа, пишува Канал 5. Поради метежот сообраќајот на Пластичарска се одвива по една коловозна лента.
Од ЕВН за НОВА пак велат дека моментално има дефект на трафостаница поради преоптовареност на мрежата, а вработените биле излезени на терен со цел да го решат проблемот. Меѓутоа, оттаму информираат дека демонстрантите не им дозволиле да се интервенира, и не дозволиле да се стави осигурувач.
Не станува за намерно исклучување на електричната струја, туку главниот проблем е преоптовареноста. Во моментов струјата не може да се вклучи, а точното време до кога ќе трае прекинот не се знае, бидејќи непознато е до кога ќе трае и протестот.
Фото – Нова