Бојан Јовановски тврди дека за „Меѓународен сојуз“ имал поддршка од Владата


Бојан Јовановски тврди дека Меѓународен сојуз имал владина поддршка. Денеска во судницата рече дека освен обвинетата Фросина Ременски, со идејата за изградба на европски центар за возрасни се согласиле и Мила Царовска, Оливер Спасовски, Зоран Заев. Според Јовановски, влијанието на политичарите било пресудно бизнисмените да инвестираат во проекти на невладината.

„Првата средба со Силјан Мицевски ми ја организираше Александар Кирацовски. А бизнисменот Ардијан Амзовски доколку не го видеше Кирацовски, немаше да го прифати проектот“, рече во судницата Јовановски.

Додаде дека Мицевски и Амзоски не се мали деца ниту деловно неспособни за да бидат измамени. Јовановски рече дека не бил единствениот што потпишувал договори во Меѓународниот сојуз и вели дека наместо да им се суди, ќе бидат сведоци во случајот.

И обвинетатта Фросина Ременски тврди дека и други лица треба да бидат на обвинителната клупа за случајот во кој таа одговара за помагање. Го критикуваше обвинителството за непознавање на работата на невладиниот сектор.

Јасна Ерцеговиќ тврди дека идејата за градба на дом за стари лица немала цел да мами бизнисмени. Рече дека не присуствувала на потпишувањето договори за кои ја товари обвинителството.

Во меѓувреме, вицеприемрката за економски прашања најави тужба за Јовановски. Неговиот исказ во судницата го нарече целосна невистина и напад врз нејзиниот углед.

„Најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаностсо проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета“, пишува Царовска.

Судењето за случајот Меѓународен сојуз во кој петмина се обвинети за измама и перење пари ќе продолжи идниот месец. Ќе сведочат двајцата измамени бизнисмени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1