Бојко Борисов го слуша во кола со хитот на Дац и Митевски – се заблагодарува за почитувањето на мерките


Откако Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја објавија нивната нова песна на „јутуб“, под назив „Корона чао“ стана огромен хит во Македонија, но изгледа и пошироко.

Доказ за тоа дека оваа песна станала огромен хит и дека се слуша во странство е објавеното видео на фејсбук профилот на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Борисов објави видео во кое тој се вози во автомобил со уште две лица и го слушаат хитот на Дац и Митевски, а под него напиша:

„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се бориме против корона вирусот. Благодарност до сите бугарски државјани кои ги следат правилата само така ќе се вратиме во нашите нормални животи. Благодарност и до Драган Спасов Дац и Александар Митевски.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1