Не запираат шпекулациите за смртта на Ким: За едни стентот бил фатален , за други се одмора во летувалиште (ВИДЕО)


Проектот ,,38 Север” во својот извештај во саботата соопшти дека возот бил на „официјалната станица“ во Вонсон од 21-23 април. Станицата е наменета да ја користи само семејството Ким.

Иако изјавуваат дека тоа е веројатно возот на Ким, Ројтерс не можел самостојно да го потврди тоа, ниту дали бил во Вонсон.

„Присуството на возот не докажува дека Ким е таму или укажува на ништо за неговото здравје, но треба да се даде тежина на извештаите дека Ким останува во елитното место на Источниот брег“, се вели во извештајот.

Шпекулациите за неговото здравје прво се појавија затоа што тој не присуствуваше на роденденот на основачот на Северна Кореја, дедото на Ким, Ким Ил Сунг, на 15 април. Вчера не се појави ниту на големиот празник на севернокорејската армија , два големи настани , што во никој случај претходно не ги пропуштал.

Кина испрати група експерти во Северна Кореја, вклучително и медицински експерти, за да го прегледаат Ким Џонг Ун, според тројца луѓе запознаени со ситуацијата.

Известувањето од самата Северна Кореја е тешко заради строгата контрола на информации.

Ким Џонг-ун, кој дојде на власт во 2011 година по смртта на неговиот татко, нема јасен наследник на лидерската позиција во таа земја вооружена со нуклеарно оружје, што може да значи огромен меѓународен ризик.

НК Дејли, веб-страница на Јужна Кореја, цитира неименуван извор во Северна Кореја, кој во понеделникот соопшти дека Ким имал медицински третман во областа на одморалиштето Хиансан, северно од главниот град Пјонгјанг.

За Ким се вели дека се опоравува откако поминал кардиоваскуларна процедура на 12 април.

Потоа, многу извештаи од јужнокорејските медиуми цитираа неименувани извори оваа недела дека Ким можеби престојува во Вонсан.

Во петокот, локалната новинска агенција Newsis цитираше извори од јужнокорејската разузнавачка служба дека во Вонсан бил забележан специјалниот воз на Ким и дека приватниот авион на Ким останал во Пјонгјанг.

Newsis објави дека Ким можеби се оддалечил поради ковид-19.

Севернокорејските државни медиуми последен пат објавија за тоа каде се наоѓа Ким кога тој го го предводеше митингот на 11 април.

Веќе имало ситуации кога севернокорејските медиуми не знаеле каде е Ким, за кој се верува дека е 36 на годишна возраст. Во 2014 година, на пример, тој исчезна повеќе од еден месец, а државната телевизија во Северна Кореја подоцна покажа снимки од него како накривнува.

Шпекулациите за неговото здравје се должат на фактот дека тој е жесток пушач, очигледно добил на тежина по преземањето на власта и има семејна историја на кардиоваскуларни проблеми.

Претходно медиумите од Хонг Конг објавија дека Ким имал медицинска интервенција , односно му бил ставан стент на срцето. Но, докторот , кој се школувал во Кина , бил многу нервозен и му се треселе рацете , па поставувањето на стентот траело предолго и не било успешно, по што тој починал . Јапонските медиуми ,пак јавуваат дека Ким е во вегетативна состојба , а голем број од нов веќе шпекулираат со тоа кој би можел да застане на лидерското место во северна Кореја.

Јапонскиот весник , Shuken Gendai , исто така, пишува дека Ким се фатил за градите и се срушил на земја претходно овој месец, додека посетувал рурален дел на Северна Кореја. Лекарот кој бил со него во тоа време му дал вештачко дишење и Ким потоа била однесен во блиската болница. Се верува дека на Ким му вградиле стент во запушениот крвен сад на срцето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1