Бобан Насев од „Без пардон“ доби 4,5 години затвор


bobo2

Бобан Насев, сопственик на поранешните портали Комуникација.мк и Без пардон.мк, денеска од Основниот суд во Штип е осуден на 4,5 години затвор за кривично дело измама.

Против Насев првично беше поднесено обвинение за осум случаи на измама и првичната пресуда била пет години, но еден од оштетените во текот на постапката сам го повлекол обвинението, а во два случаја тоа го стори обвинителството. Одбраната е незадоволна од судската пресуда, таа се надевала на преиначување на делото од измама во лажно претствување, поради што најави жалба, објави „Нова Македонија“.

Случајот со Насев е актуелен од мај годинава откако осум лица поднесоа пријава против него во која го обвинија дека претставувајќи им се како висок функционер на неколку државни министерства или раководител на институции им ветувал вработувања и други поволности. За возврат, сите му исплатиле големи суми пари од 1.000 до 10.000 евра. До правосилноста на пресудата Насев ќе остане во притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1