Кабаре и STAND UP COMEDY во Скопје


Младиот актер и станд ап комичар Бојан Велевски повторно се враќа на настапите во кафулињата низ Скопје и Македонија, откако во минатата сезона можевме да го видиме само на големите настапи во Универзалната сала во организација на Stand Up Macedonia. Овој пат во четврток 31.10.2013 нешто по 21часот, Бојан официјално го отвора Cabaret Prohibe’ кое се наоѓа во склоп на ресторанот Orient Express во Дебар Маало.

bojan13 “Луѓето од Orient Express навистина се потрудија да направат една прекрасна сцена и да му го дадат на Скопје она што му недостасуваше – Кабаре! Драго ми е што сум дел од овој проект за заживување на кабарето во Македонија, а почестен сум што овој простор се отвора токму со мој настап. Инсистирав влезницата да биде со пристапна цена, без разлика на тоа што е на некој начин премиера и интересот е голем. Мораме сите ние кои се бавиме со шоу бизнисот да придонесеме да се развие кабарето, со тоа правиме голем чекор напред во создавањето на квалитетна публика”

За време на шоуто дел од пијалоците ќе бидат по промотивни цени, па така љубителите на вино и пиво ќе можат да уживаат во својот омилен пијалок

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1