jovanka brozВо саботата со почесна стража од гардата на српската војска Јованка беше погребана во „Куќата на цвеќето“, а покрај ковчегот беа поставени и ордените, двата воени и три мирнодопски одликувања кои беа поставени на кадифено перниче.

Од семејството на Броз потврдиле дека кога после погребот отишле во Музејот на историја на Југославија, каде припаѓа и „Куќата на цвеќето“, да ги преземат ордените, им било кажано дека се украдени.

Јованка Броз почина во 89-та година од животот, во белградскиот Ургентен центар.