Се чини дека сопственикот на еден стан во Тексас сериозно му пристапил на рекламирањето на своите недвижнини.
Овој стан во Остин има пет спални соби, четири купатила и прострални балкони, но сопственикот при објавувањето на фотографиите од станот на интернет-страница за огласување открил премногу.
Додека го фотографирал купатилото го уловил и својот одраз во огледалото и се гледа дека е целосно гол. Тоа несвесно го објавил на огласот на интернет. Огласот брзо бил отстрането од интернет-страницата „Hot Pads“, а станот се уште се продава за 389.500 долари.