Бог нека му прости на Црвенковски, не знае што прави – Бучковски


crven-buckov„Господ треба да му прости на Бранко Црвенковски, зашто не знае што прави. Тоа што го нуди како образложение за мене, нема допирна точка со реалноста.

Затоа што не знае што прави, убеден сум дека на мајскиот Конгрес, социјалдемократите ќе соберат сила да го победат Црвенковски, за да може да го победиме ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, новиот претседател и новото раководство на СДСМ ќе ја поништи оваа срамна одлука“.

Ова го изјави поранешниот претседател на СДСМ, Владо Бучковски по одлуката на ЦО на СДСМ да го исклучи од партијата, јави телевизија Алфа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1