Американскиот научник Роберт Ланѕа од Универзитетот „Вејк Фокс“ од Северна Каролина тврди дека смртта е илузија која ја создава нашата свест.
-Мислиме дека животот е еден голем биохемиски процес и откако ќе умреме, све завршува. Не е баш така, вели Ланѕа.
Според неговата теорија на биоцентризмот луѓето веруваат во конечна смрт, затоа што така се научени. Како што тврди тој животот го поврзуваме со телото.
-Нашата свест ја формира вселената, а не обратно. Работата во тоа како ние го перцепираме светот околу себе. Човекот гледа плаво небо, затоа што некој му рекол дека бојата на небото е плава, но келиите во човечкиот мозок можат да бидат „изменети“, па небото можеме да го доживуваме како зелено или црвено, додава Ланѕа.
Истомислениците на Ланѕовата теорија тврдат дека све што гледаме не постои без нашата свест, односно таа ни го предкажува онаков каков што е. Биоцентристите тврдат дека вселената и времето се алати на нашиот ум.
-Постојат над илјада планетарни системи во кои живееме, само за тоа не сме свесни. Во тој систем не постои смрт. Кога ќе умреме, нашиот живот едноставно се враќа во тој бесконечен планетарен систем и негде повторно „расцветува“, тврди Ланѕа, кој пред неколку години објави голема книга за биоцентризмот.
Речиси сите негови теории се поткрепени со бројни експеримен ти, а еден од нив е со честичката која преминува преку препреки. Гледано со човечко око, честичката поминува преку препреката и се движи линеарно.
-Кога ќе умреме, повторно оживуваме докажува квантната механика и голем број на докази на квантната физика, додава Ланѕа.
Со ваквите тврдења на Ланѕа не се согласува научникот Вадхаван кој што тврди дека Ланѕа погрешно ги пресметал квантните законитости и на тој начин на отфрлил Дарвиновата теорија, што е прифатена во научните кругови.
-Денешната наука ги отфрла теориите на оние кои не се согласуваат со Дарвиновата. Таа е една од темелните модерни науки, а Ланѕа се занимава со некој чуден облик на наука кој што е неприфатлив. Биоцентризмот не нуди никакво детално објасување за свеста и систематски ги игнорира новите научни откритија, напиша Вадхаван.
Од друга страна пак, могу други сметаат дека Ланѕа е на прагот на големо откритие.