Најзастапена практика била манастирите да ангажира подизведувачи кои неколкупати ја зголемувале цената на услугата, а разликата меѓу реалната вредност на работата и зголемената завршувала во џебовите на учесниците од шемата.
Свештеници на грчката православна црква биле вмешани во незаконски активности поврзани со вкупно околу 5 милијарди евра , објавува атинскиот весник “Етнос” . Специјалната служба за истраги на финансиски криминал утврдила илјадници фиктивни трансакции со лица , вклучувајќи ги и оние кои во моментот биле во затвор .
Фиктивни барања за исплата на средства поднесувале илјадници земјоделци, пензионери, претприемачи, затвореници и свештеници . Досега се откриени 4103 физички и правни лица, кои издавале такви фактури. Тие имаат издадено над половина милион лажни фактури и фиктивни плаќања во вкупна вредност од околу 5 милијарди евра . Овие резултати се само 20 проценти од испитаните документи, иако службата продолжува да работи.
Контролите утврдиле дека десетици манастири во Грција биле вклучени во добивање на незаконски субвенции од државата и фондовите на ЕУ, претставувајќи фалсификувани документи.
Најзастапена практика била манастирите да ангажира подизведувачи кои неколкупати ја зголемувале цената на услугата, а разликата меѓу реалната вредност на работата и зголемената завршувала во џебовите на учесниците од шемата . Речиси секогаш станува збор за учество на оф-шор компании и ДДВ-измами .
“Етнос” како пример го посочува манастирот Симонопетра на Атон, кој побарал исплата на 600 000 евра , вклучувајќи затвореник претставен како реставратор . Во друг манастир на островот Крит се откриени фиктивни сметки за 270 000 евра . Откриени се и многу помали манастири, кои добивале субвенции за поправка, но по откривање на податоците се покажало дека всушност направените трошоци се многу помали.
Денешен