Богатите ќе живеат вечно


Животот е време, времето е пари, парите се во рацете на многу мал дел богаташи во светот против кои за некое време човештвото ќе бие битка за правото на долговечност.
Разликата меѓу најбогатите и сите останати е зачудувачка, посебно во земји како САД, каде што 10% од луѓето генерираат 80% од порастот на профитот од 1975-та година па наваму. Оваа нееднаквост има потенцијал да стане толку брутална, што може да предизвика насилна граѓанска војна, во која богатите ќе живеат вечно а сите останати ќе умираат млади. Разликата во животниот век меѓу богатите, сиромашните и работничката класа во САД е 12,2 години.

bogatite-kje-zhiveat-vechno-6285

Мажи со универзитетско образование живеат околу 80 години, додека оние со средно образование – 67 години. Жени со диплома живеат 84 години, а необразованите живеат 73. Но што ќе се случи кога научните откритија ќе го продолжат потенцијалниот животен век на луѓето и уште повеќе ќе ги зголемат овие разлики?
Војната нема да се води за пари, туку за да се доживее возраст од 60 години. Оние што ќе имаат пари ќе можат да живеат два животи, а сиромашните едвај еден. Ова е проблем за кој мора да почне да се дискутира уште од сега, бидејќи сме блиску до пронаоѓање на еликсир на младоста кој потенцијално ќе ни го продолжи животот за стотици години.
„За само пет години имаше толку многу откритија. Сега има бројни соединенија кои се тестираат во лабораторија кои многу го забавуваат процесот на стареење и ја одложуваат појавата на болестите како рак“, изјавил генетичарот Дејвид Синклер од Харвард.

pixel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1