Легендарниот Принс, кој почина во април 2016 година, оставил зад себе огромно богатство. Меѓу другото, бил колекционер на златни шипки.
25 милиони долари во недвижности и кеш и 67 златни шипки, оставил Принс, објави Си-ен-би-си.
Она што поседувал музичарот јавно било претставено на суд, при што било утврдено дека во неговиот дом во Минесота чувал 67 златни шипки вредни 836.000 долари.
Имотот му е проценет на 25 милиони долари, а било утврдено и дека имал 110.000 долари на четири банкарски сметки и повеќе од 6 милиони долари во неговите компании.
Но, пописот на имотот на Принс се уште не е завршен, бидејќи допрва ќе се проценувала вредноста на неговите 18 автомобили, музичкиот каталог, инструментите, накитот и авторските права.