Какви сме ние според боите кои ги преферираме? Меѓународниот ден се празнува од 2009 година, кога претседателот на португалската асоцијација на боите Марија Дурао, ја понудила оваа идеја на членовите на заедницата во целиот свет.
Боите се важен дел од нашиот живот, бидејќи благодарение на видната перцепција, тие се влијателни феномени и придонесуваат за голем дел од перцепцијата на реалноста. Виртуелната заедница за онлајн шопинг, Kaymu направи истражување за тоа какви сме според боите кои ги преферираме.
Црвена: Црвената боја го привлекува вниманието кон корисникот. Ако вашите алишта, чевли и додатоци се главно во оваа палета, вие сте страствени и романтични. Природно барате постојано погледи врз вас.
Портокалова: Вие сте енергични и природата ви е да барате предизвици и позитивни емоции.Внимавајте со оваа боја, бидејќи не оди на секоја боја на кожа.
Жолта: Облеката и додатоците во оваа боја, би биле совршеното нешто кое ќе ве расположи во лош ден. Ако ја преферирате жолтата, вие сте креативна личност која бара инспирација и сакате да решавате различни загатки.
Зелена: Ја сакате природата и спокоен живот. Многу луѓе би ви завидувале за мирот и ладнокрвноста со стравопочит.
Сина: Оваа боја може да биде истовремено смирувачка, но и ладна. Ако го преферирате синиот спектар вие сте човек на ексцесите, кој често си го менува расположението. Позитивна карактеристика на љубителите на сина боја, е нивната генијалност.
Виолетова: Тоа е многу стимулирачка боја на енергетско ниво. Ако ја сакате, вие сте мотивирани, борбени, префинети и креативно настроени. Пурпурната боја е една од боите на луксузот.
Розова: розовата е омилена боја на повеќето девојки и најпосакувана за детски алишта. Ако и како големи дами сте љубители на розово, вие сте добри, смирени и многу романтични.
Бела: Ова е една од универзалните бои. Луѓето кои се осврнуваат на неа се невини, душевно смирени и многу добри родители и пријатели. Вие сте една сончева личност.
Црна: Ако сте фан на црното, вие сте моќни, сериозни и одговорни. Луѓето гледаат во вас вистински лидер и добивате довербаво околината без да вложувате напори.