Бој Џорџ ја шокираше публиката: Спиев со Принс


На снимањето на новата епизода на британското музичко шоу „The Voice“ изјавата на новиот член на жирито ја остави публиката без текст, а камерите се исклучија.

Имено, британскиот пејач Бој Џорџ ги шокираше сите присутни кога во студиото изјави дека спиел со американскиот музичар Принс. Тоа се случи во текот на неодамнешното снимање на новата епизода, а поради реакцијата на публиката камерите престанаа да снимаат.Boy-George-615791

Џорџ со колешката Палома Фејт разговарал за славните музичари со кои соработувал.

– Јас настапував со Принс – рекла пејачката, на што Бој Џорџ и одговорил:

– Заборави на тоа, мила, јас спиев со Принс.

Продуцентите побрзале да го прекинат снимањето, а публиката останала шокирана, бидејќи со својата изјава Џорџ случајно открил дека Принс е хомосексуалец.

– Не можевме да веруваме што кажа, а публиката и продуцентите беа шокирани – рекол извор кој бил присутен, и додал дека потоа продуцентите му пришле на пејачот, а тој почнал да се правда дека, всушност, не спиел со Принс, туку дека само имал негов постер на ѕидот. Сепак, никој не му поверувал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1