Бојан Велевски ја освојува Хрватска


Македонскиот комичар Бојан Велевски ќе настапува на сцена на која настапуваат светки познати stand up звезди од калибарот на Steve Hughes. Тој е првиот Македонски комичар кој ќе настапи на оваа сцена.

Еве што за MKnews.MK изјави Бојан.

,,На 09.10.2012 ќе настапам во Загреб – Хрватска – на најеминентната stand up сцена на Балканот – Studio Smjieha – . Предлогот за мојот настап доаѓа по присуството на луѓе од Хрватска на еден од моите настапи кои ме предложиле во Studio Smjieha.,,

“Иако требаше активно да се фокусираме со тимот од Upside Down Comedy – Blog – на нови клипчиња и настапи низ Македонија, сега засега, барем следниве месец дена тоа останува во втор план. Морам да се подготвам за најважниот настап досега во мојата stand up кариера.”

Неможе секој да настапи таму, критериумите се остри и високи, но, по прегледувањето на снимката на настапите на Бојан веднаш го повикале.

Освен Хрватска на Бојан му се отвараат и вратите во Љубљана, но за тоа детали понатаму.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1