Бојан Јовановски не ја даде својата одбрана. По 15 мин откако влегол кај oбвинителката Русковска, Боки 13 почнал да повраќа а кратко потоа изгубил и свест, вели неговиот адвокат.
Адвокатот на осомничениот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, рече дека состојбата со неговиот клиент е алармантна и дека итно е пренесен во болница.
Дуковски кажа дека го затекнал Јовановски како повраќа во тоалетот и бил неконтактибилен, а исказот кај обвинителката воопшто не почнал.
Заради ова беше повикана итната помош која на носилки го изнесе од обвинителството за понатамошна хоспитализација