Болен и невработен, бранителот Гоце Бежоски оставен без средства за живот


Гоце Бежоски е еден од луѓето кои за време на воениот конфликт од 2001 година, како дел од резервниот состав на АРМ, се најдоа на браникот на татковината. Тринаесет години подоцна, како и многумина од тогашните бранители, невработен, болен и заборавен од државата, Бежоски сѐ потешко се справува со егзистенцијалните проблеми.

22(1)Гоце има 51 година. бил ангажиран како помошник на артилериско орудие. При испукувањето на гранатите, ниту тој, ниту останатите припадници на неговата единица, не носеле заштитни средства на ушите. Како последица на тоа, после завршувањето на конфликтот му било утврдено оштетување на слухот во висина од 90%.

Дека ниедна несреќа не оди сама, потврдува токму неговиот случај.

Иако пред учеството во воените настани Гоце бил, како што самиот вели, здрав како дрен, после враќањето дома дошло до влошување на неговата здравствена состојба, при што во 2003 година му била дијагностицирана епилепсија.

„Докторите ми препорачаа да го земам лекот „Тегретол“, ама немам пари да го купувам, па затоа користам „Асентра“, поевтин е. Здравјето ми е многу нарушено, не боледувам само од епилепсија, па затоа пијам и други лекови: „Холеста“, „Еналаприл“, „Дијазепам“. Сето тоа чини пари, не сум во можност во секое време да ги купам сите лекарства“, вели Бежоски.

Со една дузина документи и лекарски наоди, во 2007 година Гоце поднесол барање за работничка инвалидска пензија, меѓутоа го одбиле. Во два наврата конкурирал и за воена инвалидска пензија, но одговорот кој го добил од Управата за прашања на борците и воените инвалиди при Министерството за труд и социјална политика, исто така бил негативен.

Целата сторија на – Нова

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1