Научно докажано дека пијаните луѓе го кажуваат она што го мислат


Научниците докажале дека пијаниот го кажува она што трезниот го мисли, затоа што алкохолот го намалува нивното чувство за грижа на совест, срам или каење

Исто така, докажано е дека под влијание на алкохолот луѓето се искрени и ретко се повлекуваат поради стравот од последиците.

33335-0407_alkohol__Истражувачите на Универзитетот во Мисури предводени од професорот Брус  Бартхолоу ги испитувале реакциите на луѓето кои биле поделени во две групи.

Во едната биле 11 мажи и исто толку жени кои пиеле сокови. Во втората група со ист број на испитаници добиле плацебо пијалок, а останатите 12 мажи и 11 жени во третата група добиле вотка и тоник.

Тестот се состоел во тоа да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографии и требало да ги бележат грешките. Тие требало да пријават самите кога ќе погрешат.

Резултатот бил таков што оние кои грешеле во одговарале поспоро, за да не ја повторат грешката и тоа биле луѓето од првата и втората група.

Групата која пиела вотка и тоник воопшто не се вознемирувала поради грешките и продолжила да дава одговори подеднакво брзо. Тие биле свесни дека прават грешки, но не се грижеле за тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1