Светот ги нарекува “обожаватели на ѓаволот”


Меѓу бројните жртви на екстремистите на Исламската држава се и група од 50 илјади Јазиди кои останале заробени во планините во северозападен Ирак и тоа без храна и вода. Поради своите необични верувања, тие често пати неправедно се нарекувани “обожаватели на ѓаволот”. Традиционално живеат во мали групи, а го имаат населено северозападот на Ирак и Сирија, како и југоисточна Турција, пренесува Вечер.

jezidiНивната бројка е тешко да се процени, но сепак се претпоставува дека истата се движи од 70 илјади до 500 илјади. Поради тоа што се прогонувани, оцрнети и исплашени постои сомнеж дека нивната бројка од година во година се намалува. Како и во останатите малцински верски групи во тој регион, така и кај нив. Јазид се раѓаш, Јазид не стануваш!

Причината поради која се протерувани и прогонувани се темели на погрешна интерпретација на нивните имиња. Сунитските екстремисти веруваат дека нивното име потекнува од Јазид Ибн Муавијa, непопуларниот калиф од династијата Муавија.

Сепак современите истражувања појаснуваат дека нивното име нема никаква врска со тој калиф како ни со персискиот град Јазд, туку е превземено од персискиот збор “изед” што значи анѓел односно божество. Па така, Јазидите се обожаватели на Богот.

Потсетуваме, токму поради угнетувањето на Јазидите и христијаните, американскиот претседател Барак Обама ги одобри нападите врз Исламската држава. На ваквиот радикален потег, Обама се реши поради насилството во Ирак кое го иницираат исламските милитанти, како и за да се заштити христијанското малцинство.

Јазидите себеси се нарекуваат Дасини, а голем дел од имињата на нивните припадници потекнуваат од христијанството. Тие ги почитуваат и Библијата и Куранот, а нивната традиција најчесто се пренесува усно.

Своите чеда ги крштеваат со света вода, додека пак на свадбените церемонии, невестата и младоженецот кршат леб. Тие веруваат во Јасдан, што чак и го обожуваат. Сметаат дека е пасивна сила, креатор на светот но не и спасител. Од него произлегуваат седум големи духови меѓу кои најголем е Ангел, познат како Малак Таус – активен извршител на божјата волја, на кого Јазидите му се молат пет пати дневно. Неговото второ име е Шаутан, што пак на арапски значи ѓавол. Па токму поради тоа Јазадите често пати се нарекувани обожавателите на ѓаволот.

Тие веруваат дека душата минува низ разни телесни облици и дека преку постепено прочистување се доаѓа до повторно рагање. Пеколот за нив не постои. Најлошата можна судбина за Јазидите е поединецот да биде исфрлен од заедницата бидејќи тоа би значело “смрт на душата”. Тие не дозволуваат смена на вера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1