Боливија прва Мекдоналдс слободна земја – затворени сите ресторани


Боливијците станаа првата Латинска Американска нација, која повторно има свој Мекдоналдс. По 14 години кампањи и промоции на оваа компанија во оваа земја, во 2002 година, осумте боливиски ресторани, во поголемите градови на Ла Паз, Кочабама и Санта Круз де ла Сиера беа затворени.
McDonald’s_Closes_All_Their_Restaurants_in_Bolivia_bbМекдоналдс го служеше својот последен хамбургер во Боливија, откако беше објавен глобалниот план за реконструкција, со кои беа затворени сите врати на ресторани, во седум други земји со лоши профитни мрежи.
Неуспехот на Мекдоналдс во Боливија имаше длабоко влијание во земјата, што во документарниот филм со наслов “Por que quebro McDonald’s en Bolivia” што во превод значи:

„Зошто Мекдоналдс во Боливија банкротира“, се објаснува зошто никогаш Боливијците не ја преминаа линајата од нивниот „empanadas“.
Документарецот вклучува интервјуа со готвачи, социолози, нутриционисти и воспитувачи кои сите се чини дека се согласуваат дека Боливијците не се против хамбургерите, туку само против брзата храна и токму ваквиот концепт на „брзата храна“ е широко неприфатен во заедницата во Боливија.
Приказната исто така го привлече вниманието ширум светот, а блогот Ел Пловорин истакнува:
„Брзата храна претставува целосна спротивност на она што Боливијците го замислуваат како треба да изгледа еден оброк. За оброкот да биде добар, тој треба да биде подготвен со љубов, посветеност, одредени хигиенски стандарди и за истиот да биде потрошено одредено време.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1