За Милан Митровиќ (30), повеќе пати казнуван и пријавуван крадец склон на алкохол, очигледно човечкиот живот не значи ништо. Во понеделникот тој убил двајца мажи, Маринко Томиќ (49) и Лука Кошица (80) во Славонски Брод и тоа за да им одземе помалку од 150 евра.
Додека семејствата и пријателите на убиените се подготвуваат за последниот поздрав со своите најблиски, убиецот Митровиќ се соочува со својата казна чекајќи ја во привтор. Неговите родители не можат да дојдат при себе од срам и шок. Велат, често им правел проблеми и постојано го молеле да се смири, а поради кривичните дела кои постојано ги повторувал како и лошото однесување, велат не му било место да живее со своите тројца малолетни браќа.
– Да ви кажам дека ми е сеедно, би ве излажала. Јас сум му мајка, но ако навистина убил двајца, треба да се убие и самиот. Срам да му е! Жал ми е за семејствата на убиените луѓе, но не и за мојот син. Не престанува да краде и да пие. Одев во посета во Пожега каде лежеше затвор неколку години и од тогаш ми е доста. Ако мене ме прашувате, нека скапе во затвор или нека се убие, а во посета нема да му отидам. Кога ќе се напуши и ќе се напие како да не е истиот човек. Си ги сече рацете и така шета по градот. Едно време и лажел дека сме го избркале од дома, што не е точно.
– Пред неколку месеци се оженил за некоја Ана, а дознав дека таа е трудна. На свадба не бевме повикани. Потоа дознав дека сакал да се разведе затоа што мислел дека не е тој татко на детето… ете, што повеќе да кажам. Има 30 години, а не знае што е живот, изјавила Невенка Митровиќ, мајка на убиецот, додавајќи дека го нема видено од летово.