Трагичната животна приказна на Кијану Ривс: Ја изгубил ќерката, загинала љубовта на неговиот живот и …


Кијану Ривс е голем борец. Во целиот свој живот тој морал да се бори со многу трагедии, но на крајот пронашол животна енергија да го извади најдоброто од животот.

Кијану Ривс стекна светска слава со улогата во Матрикс и иако неговата кариера тргнала по нагорна линија, неговиот приватен живот не е толку блескав.kianu_rivs_fb

Кога имал само три години, неговиот татко го напуштил семејството. Кијану и неговите сестри пораснале со дедото и бабата бидејќи нивната мајка се омажила и се развела четири пати. Со оглед на тоа што често се селеле, Кијану често морал да го менува средното училиште. Пател од дислексија, не бил примерен ученик и правел проблеми. Поради тоа, Ривс го избркале од училиште кое никогаш не го завршил.

Иако бил успешен во хокеј, спортска незгода го уништила неговиот сон за настап на Олимписките игри. Потоа почнал да глуми, а во 90-тите години почнале да се нижат филмските улоги.

Во 1999 година се вљубил во колешката Џенивер Сим, а вљубениот пар таа година требало да добие дете. Но, следувал трагичен настан. Џенифер го изгубила бебето во осмиот месец од бременоста, а таа ужасна загуба меѓусебно ги оддалечила.

Иако не биле заедно, тие и понатаму останале во добри односи. За жал, неговиот кошмар продолжил. Џенифер доживеала сообраќајна несреќа и загинала. Се залетала во три автомобили, а од силината на ударот излетала од својот џип.

Но, Кијану не ја изгубил само љубовта на неговиот живот. Тој останал и без неговиот најдобар пријател кој починал поради предозирање. „Тој беше голем човек и актер. Добро се согласувавме. Многу ми недостасува и често мислам на него“, изјавил Кијану во една прилика.

Но, Кијану и покрај сите животни трагедии не се предал. Тој признава дека трагедиите го направиле подобар човек. „Сите можеме да се сложиме дека силна личност може да ги преживее најлошите трагедии и да продолжи да ужива во малите работи. Без оглед на тоа што ве мачи во моментот, можете да го победите тоа“, заклучува славниот актер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1