Болничар силувал пациенти додека биле во бессознание – меѓу жртвите и 10 годишни девојчиња


Ендру Хачинсон е 29-годишен болничар кој од 2011 година до 2013 година во болницата Редклиф во Оксфорд (Англија), призна дека  се снимал себеси како силува пациентики во бесвесна состојба на одделението за итни случаи.

Тој пред Крунскиот суд во Окфорд ја призна вината по 27 точки од обвинението за силување и воајеризан, при што меѓу жртвите има и десетгодишни девојчиња.592842bolnicar-01ff

Хачинсон е уапсен откако е фатен како тајно снимал жени и девојки во Рекреативниот центар Вајт хорс во Абингдон (Оксфордшир).

Инспекторите ја пребарале неговата куќа и пронашле снимка на која се гледа како сексуално се изживува над две жени од 18 и 35 години, додека лежеле во бессознание на одделението за итни случаи.

Исто така кај него е пронајдено поголемо количество детска порнографија и други снимки кои сам ги направил со својот мобилен телефон, компјутерска опрема и камера.

Полицијата стапила во контакт со сите жртви за да ги извести дека биле жртви на силувањее и воајеризам и за да им обезбеди соодветна поддршка.

Хачинсон се наоѓа во притвор и ќе биде осуден на 27 април.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1