Мијалков ќе го тужи Заев


Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, се вели во демантот од директорот на УБК Сашо Мијалков на денешните клевети изречени од Зоран Заев.g_saso-mijalkov

За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“.

За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава.

Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби.

Донацијата од 5.557.377 евра е примена.

Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност.

За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев.

Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија.

Интегрален текст од демантот на Сашо Мијалков

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1