14 години постојано бремена: Има 39 години и го чека 18-тото дете (ВИДЕО)


Британката Сју Редфорд има 39 години, а во моментов во својата утроба го носи нејзиното 17-то дете, пренесува „Дејли меил“.

Таа во ноември ја очекува последната принова, а нејзината настара ќерка, 21-годишната Софи, ќе го роди нејзиното второ дете и се чини дека ке тргне по стапките на својата мајка.family-giga_2184670a

Сју и нејзиниот сопруг Ноел (43) се чувствуваат благословено бидејќи имаат толку многу деца, но изјавиле дека ќе запрат на бројот 18 .

Оваа Британка се вљубила во својот сопруг и тоа била љубов на прв поглед. На 14 години го родила своето прво дете , синот Крис кој има 25 години.

– Децата се возбудени што ќе добијат брат или сестра. Ова сигурно ќе биде нашето последно дете – изјавила Су за британските медиуми.

Со едноставна математика се доаѓа до заклучок дека Сју која има 39 години од нејзиниот живот 14 години ги поминала во блажена состојба.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1