ВИДЕО: Шешељ го запали хрватско знаме пред Палатата на правдата!


Лидерот на СРС Војислав Шешељ изјави денеска дека ја добил одлуката на Судскиот совет на Трибуналот во Хаг, и како „јасна порака“ за Хрватска го запалил знамето на таа земја.

Шешељ на новинарите на платото пред Палатата, каде ќе сведочи во процесот кој се води против неговиот заменик Немања Шаровиќ поради палењето на знамето на САД во 2012 , рекол дека таа одлука од Судскиот совет ја примил денес пред пладне и повторил дека нема доброволно да се врати во затворската единица на Трибуналот.seselj

На следбениците им се обрати Војислав Шешељ, кој истакнал дека нема да соработува со Хашкиот Трибунал и ќе пружа пасивен отпор при апсењето.

„Ќе се однесувам како и досега, реков дека нема доброволно да се предадам и останувам при таквата одлука. Велат, ги прекинуваат преговорите со Србија, тоа е и мојата цел. Кога дојдат да ме апсат, јас ќе пружам пасивен отпор. Ќе седнам и нема да соработувам со нив. Ако извадат пендреци, јас ќе ги свиткам рамениците, ќе им речам „Удирајте“, рекол лидерот на СРС.

Да потсетиме, на Шаровиќ му се суди поради тоа што на партиски собир во 2012 година ги запали знамињата на НАТО, ЕУ, Косово, и САД а денес би требало да сведочи претседателот на СРС Војислав Шешељ. Судењето почна во 13.30 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1