Вториот Ковид центар во државата од утре затворен за возрасни пациенти. Во болницата во Козле ќе хоспитализираат и третираат само деца позитивни или сомнителни на корона вирусот како и порано, кои престојуваат во болничките соби со мајките. Денеска од оваа здравствена установа ги пратиле на домашно лекување постарите лица, а само мал дел ги препратиле на долекување на Инфективна клиника.
-Ќе биде само за деца, подготвени сме за есента, имаме доволно капацитет за прием на позитивни и сомнителни на Ковид-19. Останатите кои ќе се воспостави дека немаат корона, ќе ги препраќаме на Детска клиника, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болницата за белодорбни заболувања кај деца во Козле.
Во моментот, во болницата во Козле има две деца и две мајки позитивни на Ковид 19, и четири деца со мајките кои чекаат резултати. Педијатрите нема да враќаат ниту едно дете со фебрилна состојба, но доколку нема корона вирус ќе биде препратено на Детска клиника.
-Оние деца кај кои ќе се воспостави дека немаат корона ќе одат на клиниката за детски болести, вели Андоновски
Болницата во Козле стана Ковид центар и за возрасни на 20 јуни кога голем дел од капациететите во инфективните одделенија беа преполни со пациенти заразени со корона.