Болниците делат заштитни маски за хронично болните – загадениот воздух предизвикува сериозни здравствени проблеми


Веќе неколку дена ПМ10 честичките се на високо ниво, а тоа најмногу влијае врз хронично болните.

Маските стопроцентно не не штитат од аерозагадувањето, но според докторите тие помагаат за децата да не ги вдишуваат опасните ПМ честички кои неколку дена го прават главниот град најзагаден во светот., објави Сител.

-Се што можеме ние да направиме како лекари е да ги советуваме родителите што да направат превентивно а тоа е носење на децата надвор од градовите како и заштитните маски, кои ќе кажам се превенција. Секако не може целосн ода се заштитиме ниту сме во стаклено звоно ниту пак децата можеме да ги држиме во стаклено звоно, вели др. Ангелчо Андоновски директор на болница за белодробни заболувања во Козле.

Во многу болници и клиники велат дека изминатиот период имаат зголемен број на пациенти а кај дел од нив болничкиот престој е поврзан со компликации од загадувањето. Поголем наплив на пациенти овој период очекуваат и во Козле бидејќи децата се најпогодени од аерозагадувањето.

-Деца кои веќе имаат хронични заболувања добиваат ларингити или како што велиме ние родителите се спуштило на плуќа и се тоа како последица од загадувањето, вели Андоновски.

Краткорочната и долгорочна изложеност на загаден воздух може да доведе до намалена функција на белите дробови и респираторни инфекции. Аерозагадувањето кај трудниците е опасно за предвремено породување а најнови светски истражувања покажуваат дека опасните ПМ честички се причина и за појава на дијабет и невролошки заболувања кај децата.

Министерството за здравство годинава набавило 40 000 маски за заштита од загадениот воздух кои кои ги поделиле во здравственита установи низ земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1