Болниците преполни, Филипче бара граѓаните да не излегуваат од дома без посебна потреба


Дополнителни капацитети на Интерните клиники. Ковид пациенти од утре ќе примаат Гастро, Очно, Неврологија а министерот Филипче уверува дека нема да останат незгрижени и останатите пациенти. Оние со невролошки заболувања ќе ги шетаат по други установи каде имало доволно простор.

-На неврохирургија ќе можат да примаат пациенти од неврологија бидејќи се слични патологиите, но и на Неврологија во ГОБ 8ми септември. Нема да се наруши третманот за останатите а Мој Термин продолжува да функционира, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче вели дека здравствениот систем е целосно мобилизиран а апелираше и до граѓаните да бидат внимателни.

-Ситуацијата е сериозна, апелирам на почитување на мерките, да не се излегува од дома ако нема потреба, само до маркет, работа или училиште. Само солидарни можеме да се справиме со оваа криза, вели Филипче.

Инфективна и модуларната болница се исполнети до последен кревет а лекувањето на болен со потешка клиничка слика е околу 16 дена. Дебелината, според инфектолозите е најголем ризик фактор за смртноста кај пациентите.

-Изгубивме млади луѓе, од кои најголем број се со хронични болести. Се покажа дека сериозно висок ризик е дебелината. Ние сме таква нација, имаме вишок килограми, но луѓето кои се со поголем вишок се поризични. Сметам дека тоа не беше сериозно сфатено, изјави др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.

Иако бројките на починати и заразени се алармантни, надлежните не планираат дополнителни рестриктивни мерки.

-Нема потреба од полициски час, мерките ќе дадат резултати, ако има полициски час тој би бил од 21 до 05, а и сега овие мерки се имитација на тоа, изјави Зоран Заев, премиер.

Инаку, од вторник треба да започне вакцинацијата за грип со бесплатните вкацини што ги набави министерството за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1