Болните од рак месец дена чекаат за испитување во ПЕТ центарот поради недостаток на реагенси


Седумдесетина пациенти со рак скоро месец дена чекаат за потребните испитувања во ПЕТ Центарот зошто немаат реагенси. Проблемот е во тендерската постапка бидејќи установата почна да работи непосредно пред промената на Власта. Од ПЕТ Центарот за Сител велат дека прават напори да обезбедат донации на потребните материјали за да можат после Нова Година да продолжат да ги изведуваат со дијагностичките процедури. Биле и во постојана комуникација со министерството за здравство од каде пак тврдат дека распишале тендер.

-Пред две недели е почната тендерска постапка за редовна набавка на реагенси и друг потрошен материјал, по чие завршување, речиси двојно ќе се зголеми бројот на пациенти неделно (40/50 неделно). Во меѓувреме правиме напори, согласно одредбите од Законот за јавни набавки да го олесниме овој проблем до негово трајно решавање, велат од Министерството за здравство.

Но, од ресорното министерство не прецизираат кога ќе бидат набавени потребните реагенси и уште колку долго пациентите ќе чекаат.

Инаку засега во ПЕТ Центарот преку Мој термин се примаат болни само од Клиниките за онкологија и хематологија.

ПЕТ Центарот ги отвори вратите за пациентите на 1 јуни годинава. За 6 месеци извршени се дијагностички процедури на 380 лица со малигни заболувања. Најголемиот дел од испитувањата направени се со реагенси кои биле донација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1