Две големи експлозии во близина на целната линија на Бостонскиот маратон. Трката се одржа денеска, а има извештаи дека има околу 15 повредени. Засега нема никакви информации за причините за експлозиите. Според првичните информации се работи за бомба – а се стравува и дека е можен терористички напад.
Сепак ова се првични непотврдени информации. Експлозијата се случила во моментот кога најголем број маратонци ја минувале целта, на која имало и многубројна публика. Се стравува дека бројот на повродените е многу поголем. На првите фотографии се гледа многу крв и луѓе кои повредени лежат наоколу.
Во живо на првото видео од известувањето на – CBS