Ексклузивно: Поевтини муабети со странство – Виртуелен мобилен оператор влегува во Македонија!


Воведувањето на виртуелни мобилни оператори отвора можност за драстично намалување на цената на импулсот, кој го препорачуваат телекомуникациските експерти.

Нов виртуелен мобилен оператор ќе почне со работа во Македонија, дознава Фактор. Иако името на операторот се чува во тајност, наверојатно се работи за Албафон Македонија.

Mobilni-500x333Најрано за еден месец операторот најверојатно ќе почне да ги нуди своите услуги на македонските корисници. За сега никој не открива под кој бренд ќе стартува со работа операторот кој на македонскиот пазар ќе ја користи инфраструктурата на Оне.

Според неофицијалните информации до кои дојде Фактор, новиот виртуелен мобилен оператор доминантно ќе нуди роаминг услуги, по принципот на работа на  “Z Mobile“ од Косово. Кон средината на март Косовската агенција Карота објави и огласи за потребите на новиот виртуелен мобилен оператор за вработување за неколку позиции како маркетинг менаџер, менаџер за продажба, менаџер за call-центарот, менаџер за односи со јавност како и за низа други неопходни работни позиции.

Од Агенцијата за електронски комуникации за Фактор не откриваат кој повикувачки број ќе го има новиот виртуелен оператор, колку броеви ќе му бидат доделени за почеток  и какво ќе биде портфолиото на услуги кои ќе им ги нудат на корисниците. Детаљите, како што ни рекоа ќе ги соопштат на официјална конференција за новинари.

Што е виртуелен мобилен оператор?

Виртуелните мобилни оператори не градат сопствена инфраструктура, туку ја користат мрежата на другите оператори за да понудат разни услуги.

smartphone-appleВиртуелниот оператор може да издава свои СИМ-картички, да поседува сопствен мобилен мрежен код, да склучува договори за користење интернационален роаминг за своите претплатници, да менаџира со доделени серија броеви, како и да обезбедува услуги кои ќе се продаваат под негов сопствен бренд.

Воведувањето на виртуелни мобилни оператори отвора можност за драстично намалување на цената на импулсот, кој го препорачуваат телекомуникациските експерти.

Мобилни виртуелни мрежни оператори функционираат во повеќе земји меѓу кои и Германија, Холандија, Франција, Данска, Велика Британија, Финска, Белгија, Португалија, Австралија и САД.

Извор: ФАКТОР

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1