Бора Чорба се разведе, срцето му го “украде“ друга жена


Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“ се разведе од 28 години помладата сопруга Александра.

Нивниот брак кој траеше нешто повеќе од четири години, официјално е завршен во вторникот. Бора и Александра се разделиле пред неколку месеци, но пејачот не зборуваше за тоа.

corbaboraaaСакал да ја поштеди поранешната сопруга од вести по медиумите, но сега кога се е готово, решил да проговори.

– Се разведов пред неколку дена и сега тоа можам и јавно да го кажам, рекол Бора, но тогаш сите ги изненадил со изјавата дека сепак не е сам.

Познатиот рокер откри дека има нова девојка која живее во Словенија.

– Навистина никогаш порано не сум се чувствувал подобро, нон-стоп сум на релација Србија-Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно не се симнувам од телефон. Вљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет, искрено рече Бора.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1