Борба против проституција во Барселона! Казни за клиентите од 3.000 евра


Казни за клиентите од 1.000 до 3.000 евра, и санкции за проститутките од 100 до 750 доколку бидат фатени на дело и тоа во близина на училиште.

Барселона и објави војна на уличната проституција и воведе парични казни кои можат да ги оштетат клиенитите и за 3.000 евра, доколку бидат фатни на дело.

 

Полицијата постојано патролира низ Барселона, посебно во квартовите кои се познати по оваа “активност“, како Рамблас и Равал.

За клиентите казните ќе се движат од 1.000 до 1.500 евра доколку “договорањето“ се одвива на помалку од 200 метри од некое училиште. Доколку клиентот и проститутката бидат фатени на дело дека “го прават тоа“ во близина на училиште, глобата за корисникот на услугата,  ќе изнесува 3.000 евра .

Исто така, зголемени се санкциите за проститутките, кои ќе платат од 100 до 300 евра ако бидат фатени како нудат услуга.

Доколку пак простититутките, го задоволуваат клиентот во близина на училиште, ќе треба да платат 750 евра.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1