Трагедија во Земун: Момче се самоуби пред другарите


Малолетникот Б.К кој имал само 15 години, вчера вечер се самоуби, скокајќи од зграда, пред очите на неговите другари.

Момчето скокнало од 40 метри височина, од 15 катна зграда, и починало на самото место.

Неговите другари долго се обидувале да го одвратат од намерата, но несреќното момче не ги послушало.

“Седевме пред зграда и си разговаравме. Другарот се жалеше на животот и родителите. Потоа рече дека му е доста и дека ќе се самоубие. Ние мислевме дека се шегува, но тој стана и истрча кон зградата. Тргнавме по него и отидовме на кровот каде го убедувавме да не скока. За момент изгледаше дека се смири, но наеднаш се искачи по скалите и скокна“, низ солзи раскажува другарчето.

Момчето немало никакви шанси да преживее. Кога пристигнала брзата помош, само констатирала смрт.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1