Борба со загаденоста: За да купиш автомобил во Кина – ќе мора да добиеш дозвола од градот


Кинеските власти планираат во многу поголеми градови да воведат ограничување за купување автомобили за да се намали загадувањето на воздухот, објавија кинеските медиуми.

kina zagadenostВаквото ограничување е веќе воведено во четири големи градови, меѓу кои се и мегалополисите Пекинг и Шангај, а сега ќе биде воведено и во метрополите коишто имаат околу осум милиони жители. Новата мерка треба на годишно ниво да го намали бројот на новите автомобили на улиците во овие градови за околу 400 илјади.

Кина последните години стана најголемиот пазар на автомобили во светот, а само минатата 2012 година во земјата се продадени 13 милиони нови автомобили. Издувните гасови од автомобилскиот сообраќај се сметаат за најголемиот поединечен загадувач на воздухот во Кина

Makfax

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1