Борбата со пиратерија е скриена контрола на интернетот низ светот


Проценките се дека Америка преку закон за заштита од пиратерија всушност би започнала со контрола на интернетот на глобално ниво.

Секој кој го следи движењето на кампањата во оваа област, може да ја забележи паниката која што се јавува кај некои од светските интернет мрежи, како што се Youtube и Facebook. И двете компании речиси може да исчезнат доколку новиот закон почне да се применува стрикно, а работите се движат кон тој правец.
Ова значи дека ниту еден од музичките спотови нема да биде на Youtube, затоа што ќе биде во судир со SOPA.

Тоа значи дека сите корисници на Facebook нема да може да постираат линкови од Youtube, нешто што е вообичаено во овој момент. Facebook без Youtube не можат да функционираат, ниту пак би биле толку интересни.


Покрај овие два гиганти ќе бидат загрозени уште многу мрежи, а меѓу нив е и случајот со Wikipedia. Авторите на оваа мрежа најавуваат гаснење на голем број на сервиси, па и самата Wikipedia е ставена под знак прашалник.
Таканареченото симнување на музички песни од интернет ќе биде минато и само еден убав спомен. Се останато ќе мора да се плати.
Меѓутоа доколку сметате дека со ова, ваквиот глобален проблем е исцрпен, тука ќе ве усреќиме и ќе кажеме и дека не е баш така.

Има ли нешто полошо од ова? Има!
Доколку која било веб страница, по проценка на SOPA ги прекрши американските авторски права и закони, ќе биде веднаш изгасната или суспендирана.
Со прикриената контрола на веб-пиратеријата, Америка става глобална контрола на интернетот.
Буквално секој дел од информациите се насочени од SOPA во која било земја на светот. Веќе е забележано дека на Твитер е блокиран терминот „Occupy Oakland“, во време на неговото случување. Дали е тоа американска демократија? Не смееме на Твитер ниту еден збор да споменеме. Дали станува збор за некаква грешка?!
Не, всушност тоа е намерата.

Можеме само да се надевам дека држи вода изјавата на Тим Бернерс-Ли, Британскиот пронаоѓач на World Wide Web, WWW, кој ги предупреди владите кои се обидуваат да го блокираат интернетот, дека однапред се осудени на неуспех, поради нивните неуредени структури.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1