Борис Малагурски: Македонци мора еднаш да речете „Доста“


Српскиот режисер, Борис Малагурски го искоментира менувањето на името на нашата земја од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Вели дека иако граѓаните на референдумот рекоа „не“, сепак политичарите ја погазија волјата на народот. Наведува дека по Устав, референдумот пропадна, но 8 политичари гласаа „За“. Морате еднаш да речете „Доста“ и да ве слушаат политичарите вас, наместо вие нив, додава тој.

„Политичарите се продадоа и го погазија сопствениот легитимитет. Нема тука демократија. Македонци немојте да се чудите што добивате честитки од челници на ЕУ и НАТО: НАТО го поддржува и режимот на Мило Џукановиќ кој завладеа со Црна Гора уште кога Македонија беше Југославија. Македонци ако дозволите ова да помине, ќе се укинете сами себе. Дури и ако името на државата не ви е важно, не смеете да молчите пред волјата на народот, закон и Устав, затоа што политичарите како мали деца постојано ги испитуваат границите на вашаат толеранција“, пишува Малагурски на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1