Големиот хрватски заводник, пејачот Борис Новковиќ (47) љубовната среќа ја пронајде со атрактивната 28-годишна Инес Катиќ од Задар со која е во врска веќе два месеци, пренесуваат хрватските медиуми.
Двојката неодамна била видена заедно на концертот „Хиљаду пахуља бели“ одржан во чест на починатиот пејач Кемал Монтено одржан во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб.
Тие се запознале сосема случајно, така што Борис се заинтересирал за кампањата „Говорот на омраза е сериозна работа“, која била иницирана од Инес, која по професија е политиколог.
Ова е прва девојка на музичарот, откако пред извесно време тој ја прекина долгогодишната ромаса со сликарката Ива Вишошевиќ.
Пред неа беше во брак со новинарката Луција Матиќ со која беше во брак 9 години и добија два сина, пишува магазинот „Стори“.