Борисов дава оставка поради скапата струја


Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес ќе поднесе оставка од функцијата, известува бугарската информативна агенција БГНЕС, пренесе Ројтерс.

boyko-borisov– Власта ни ја даде народот, денес му ја враќаме, изјавил Борисов. Вчера направивме максимум за да одговориме на барањата на демонстрантите. Од денес натаму нема што да се направи за да им помогнам. Не можам да го гледам Орловиот мост во крв. Секоја капка крв за нас е петно. Јас не можам да го гледам Парламентот обезбеден со ограда – нам не ни е ниту цел ниту корист, ако треба да се пазиме од народот, кажа премиерот на заминување.

Понатаму, онака како што се поставени работите, државата има потреба од нов кредибилитет и народот да одлучи кој ќе го води понатаму. Минатите 4 години направивем максимум, дополни Борисов.

ГОРИ ЕВН ВО БУГАРИЈА – ПО ГНЕВНИТЕ ПРОТЕСТИ СТРУЈАТА ЌЕ ПОЕВТИНИ (ФОТО)
ВРИЕ ВО БУГАРИЈА: ПАЛКИ, ЌОТЕК, ОКЛОПНИ ВОЗИЛА – ПОЛИЦИЈАТА УДРИ ПО ДЕМОНСТРАНТИТЕ (ВИДЕО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1