БОРИСОВ ДОБИЛ СМРТНА ЗАКАНА: Мафијашите ја уцениле неговата глава


Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил смртна закана, јавуваат бугарските медиуми. Писмо со негова фотографија, куршум и заканувачка порака стигнала на адреса на бугарскиот премиер во владата.

boyko-borisov

Од неговиот кабинет потврдија дека постои таква порака, но одбија да ја коментираат.

Борисов за медиумите изјави дека не е загрижен, зашто знае дека тоа е одговор на неговата посветена борба со корупцијата и криминалот.

Медиумите потсетуваат дека минатата недела тој откажал неколку јавни настани од различни причини.

Бугарскиот премиер минатата недела нареди да се запрат сите сомнителни јавни набавки, меѓу кои и изградбата на дел од автопатот „Хемус“, вреден половина милијарда евра.

Борисов добивал закани и додека бил на функцијата директор на бугарската полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1