Борисов: Сега ќе види Дачиќ што е неприфатливо однесување


Каде беше Дачиќ да се заблагодари кога наши воени единици заедно вежбаа. А, сега чул, не дочул, неговиот премиер седи до мене кога зборував, и вчера си дозволува да ми го повикува амбасадорот и да ми каже дека однесувањето ми било неприфатливо, изјави за бугарските медиуми присутни на состанокот посветен на соработката на земјите од Југоисточна Европа во Сараево, премиерот Бојко Борисов.

Видно лут тој додаде:

Тој сега ќе види што е неприфатливо однесување. Тој сега ќе види. Јас погледот не го менувам. До вчера говорев со најдобри зборови, но сега додека не ми рече извини Бојко, едноставно не ме интересира што ќе речат ни Вучиќ, ни Ана. Таа беше до мене и го оставија да си поигрува. Добро, штом процениле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1