Рамиз Јахиќ, пензиониран економист од Фојница, се јавил на редакцијата на весникот Дневни Аваз, тврдејќи дека решил математичка задача вредна милион долари.
Тексашкиот богаташ, Ендрју Бил, човек кој има осум милијарди долари, фасциниран од броевите одлучил да понуди милион долари за решавање на еден математички проблем.
Станува збор за проблемот наречен Билова претпоставка која и тој самиот се обидува да ја реши веќе цели 20 години. Наградата ја понудил уште во 1997 година и тогаш изнесувала пет илјади долари, а до 2000 година порасна на 100.000 долари. Меѓутоа, сега Американецот одлучил да ја зголеми оваа сума на импресивни милион долари.
Јахиќ тврди дека задачата се обидувал да ја реши подолго време и оти долго време работел на изнаоѓањето на точниот одговор. Како што потврди за Аваз, сега ќе се обиде да стапи во контакт со Бил за да го претстави своето решение.
– Секако дека ќе го контактирам. Но пред се сум среќен поради решението кое го пронајдов. Се уште не можам да ви ги откријам деталите, само тврдам дека не беше едноставно, изјави Јахиќ за Дневни Аваз.
Претпоставката на Бил гласи дека Ax + By = Cz со тоа што x,y i z се природни броеви поголеми од два.
– Значи се работи за математичка претпоставка. Долго време се обидував да ја решам задачата со класична математичка задача – со равенка. Меѓутоа, не одеше, затоа што нема ниедна позната. Потоа одев со логиката и претпоставката и така дојдов до три непознати, а другите три ги открив по пат на редовни равенки. Тоа е се што можам да ви откријам, додаде Јахиќ.