Веста дека грчката полиција уапсила Босанец кој украл камен од акропол за да си ја поткисели зелката е новинарска патка на сајтот Balkan tajms кој објавува шаливи вести слично како Njuz.net.
Веста со брзина на светлината се пренесе во сите балкански медиуми. А во веста се говори дека Грчката полиција на граничниот премин со Македонија, го уапсила Сретен Видиќ од Босна и Херцеговина, откако кај него пронашла камен тежок 3 килограми, украден од Акропол.
како и дека Видиќ на полицијата и рекол дека не знаел за строгата забрана за земање на камењата и признал дека тој камен му се допаднал од причина што имал идеален облик за притискање на кисела зелка.
Во веста се говореше и дека според грчките закони за ова дело се предвидува е казна затвор од 3 до 5 години.