Босанец украл камен од Акропол за да си ја скисели зелката – новинарска патка


Веста дека грчката полиција уапсила Босанец кој украл камен од акропол за да си ја поткисели зелката е новинарска патка на сајтот Balkan tajms кој објавува шаливи вести слично како Njuz.net.

Веста со брзина  на светлината се пренесе во сите балкански медиуми. А во веста се говори дека Грчката полиција на граничниот премин со Македонија, го уапсила Сретен Видиќ од Босна и Херцеговина, откако кај него пронашла камен тежок 3 килограми, украден од Акропол.

 како и дека Видиќ на полицијата и рекол дека не знаел за строгата забрана за земање на камењата и признал дека тој камен му се допаднал од причина што имал идеален облик за притискање на кисела зелка.

Во веста се говореше и дека според грчките закони за ова дело се  предвидува е казна затвор од 3 до 5 години.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1